Калински доби подарок од Ангеловски и аплауз од своите колеги на пресот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Легендата на
македонското спортско новинарство, Златко Калински по 42 години замина во
пензија, неговиот последен коментаторски пренос беше токму во Лигата на
шампионите, односно дуелот помеѓу Атлетико и Реал Мадрид.

На денешната
пресконференција во просториите на „Куќата на фудбалот“ при ФФМ, на
објавувањето на списокот на фудбалери за претстојните натпревари со Турција и
Шпанија, селекторот на Македонија, Игор Ангеловски му укажа чест на Калински, доделувајќи му
дрес од националниот тим на Македонија.

Калински упати
благодарност до него и му посака среќа во иднина нашиот национален тим да
избори пласман на некое од големите европски и светски натпреварувања, притоа
доби огромен аплауз од своите колеги новинари.

Благодарам за
честа, убаво е чувството да се добие национален дрес, репрезентацијата секогаш
имаше посебно место во моето срце. Жал ми е што низ преносите не успеав да
доживеам настап на големите натпреварувања… Ви пожелувам што побрзо голем
успех и пласман на некој од големите натпреварувања
“ му порача Калински на
селекторот Ангеловски.

Познато е дека
фудбалските фанови на социјалните мрежи се мобилизираа и побараа токму
легендарниот спортски коментатор да го коментира големото финале од Лигата на
Шампионите помеѓу Реал Мадрид и Јувентус,
na 3. јуни во Кардиф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани