Калиниќ си заминува од Фиорентина, Несторовски негов наследник?

by
2 минути читање

Подолг период се шпекулира дека 29 годишниот Никола Калиниќ ќе ја напушти
Фиренца, за неговите услуги постои голем интерес.

Потпретседателот на овој клуб, Џанкарло Ангоњини сега потврди дека Хрватот
ќе замине, и за италијанските медиуми изјави дека е сосема нормално некој да
биде жртва претстојниот трансфер период.

Тој исто така додава дека Милан не е единствениот клуб кој е заинтересиран
за репрезентативецот на „Коцкастите“, кој оваа сезонава на 31 натпревар
постигна 15 погодоци во дресот на Фиорентина

Договорот на Калиниќ со Фиорентина трае до 2019. година, тој веќе ги одби
богатите понуди од Кина, со тоа што истакна дека сака кариерата да ја продолжи
во клуб со поголеми амбиции.

Со заминување на Никола Калиниќ, се отвара простор за трансфер на Илија
Несторовски во Фиорентина.

„Виолетовите“ подолго време го следат Македонецот, кој на 35 натпревари постигна 10 погодоци и е единствената светла точка на Палермо оваа
сезона.

За нашиот напаѓач интерес постои и од шпанските клубови Севиља и Атлетико
Мадрид.

„Сицилијанците“ за услугите на популарниот „Нестогол“ бараат 20 милиони
евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани