80
Милан дојде до планираните три бода против Удинезе благодарение на новото засилување Никола Калиниќ кој во два наврати се најде на вистинското место.
Милан поведе во 22. минута кога по асистенција на Калабриа, Калиниќ од неколку метри ја смести топката во мрежата на Удинезе за водство од 1-0.
Само шест минути подоцна, Удинезе преку Лазања го изедначи резултатот на 1-1, но во 31. минута Калиниќ повторно се најде на вистинското место и погоди за победа од 2-1.
Највисока победа забележа Наполи кој со огромни 6-0 го совлада тимот на Беневенто.
Мертенс беше главен постигнувајќи хет-трик, по еден гол реализираа Алан, Инсиње и Каљехон.
Каљари со 2-0 славеше на гостувањето кај СПАЛ, Торино и Сампдорија одиграа нерешено 2-2.