Калиниќ конечно си оди од Милан, неговата следна дестинација е Шпанија

by
0 минути читање

Според „Калчомеркато“, Иван Калиниќ од следната сезона и дефнитивно ќе игра за Атлетико Мадрид.

Двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 20 милиони евра кои Милан нема да ги добие веднаш.

Во првата година Калиниќ би играл на позајмица во Атлетико Мадрид за 2,5 милиони евра, а шпанскиот клуб следната сезона има обврска трансферот да го направи перманентен за 17,5 милиони евра.

Милан го купи Калиниќ за 25 милиони евра од Фиорентина, но во минатата сезона тој повеќе беше на клупата отколку на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани