Калиниќ им пратил групна порака на соиграчите откако заминал, само двајца му вратиле

by
1 минути читање

Хрватските медиуми откриваат дека Калиниќ испратил групна порака на соиграчите кога заминал, а само двајца му одговориле.

Според „Спортске Новости“, репрезентативците на Хрватска имаат групен чет на „ВатсАп“, кога Калиниќ ја напуштил репрезентацијата им пишал на соиграчите „Ви посакувам среќа“, но добил одговор само од двајца играчи.

Не се открива кои се тие, но меѓу нив не се двајцата капитени Лука Модриќ и Ведран Чорлука.

Модриќ и Чорлука први дознале за одлуката на Далиќ дека ќе го избрка Калиниќ од репрезентацијата и тие дале согласност селекторот да го направи тоа.

Според истиот извор, Калиниќ воопшто и не ја славел победата против Нигерија, отишол сам во соблекувалната, не ни разговарал со селекторот иако Далиќ очекувал дека фудбалерот ќе му се пожали за неговиот статус.

По заминувањето на Калиниќ, на прес конференциите на Хрватска зборуваа Милан Бадељ, Шиме Врсаљко и Матео Ковачиќ и сите тие јасно порачаа што мислат за потегот на Калиниќ со изјавите од типот дека егото мора да се остави на страна, а тимот да биде пред се.

Калиниќ не доби поддршка ниту од играчите, ниту од хрватската јавност, сите го осудија неговото однесување, а тој веројатно и засекогаш си ја затвори вратата од репрезентацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани