Во последно време
силно се шпекулира дека Еден Азар летоска ќе биде новиот „Галактико“.
Медиумите блиски
до Реал Мадрид велат дека Белгијанецот, кој е под договор со Челси до 2020, е отворен за идејата да работи под водство
на Зинедин Зидан и најавуваат мега трансфер.
„Челси не е клуб
кој продава, па нема да биде лесно” – вели поранешниот претседател на „Кралевите“, Рамон Калдерон.
„Но како и
секогаш, се ќе зависи од желбата на играчот. Доколку сака да замине, ќе замине”.
„Се зависи од
играчот. Во моментот кога играчот ќе каже „Сакам да заминам и да се преселам во
Реал Мадрид“, ќе почнат преговорите”.
„Челси сигурно ќе
бара многу пари. Сите знаеме какви суми се платија за Роналдо, Бејл, Погба, и
сега границата е 100 милиони фунти”.
„Па очекувам
Челси да побара толку. Но Реал Мадрид е во здрава финансиска состојба, и мислам
дека оваа сума нема да им преставува проблем”.