Елиф Елмас можеби
е дел од очајната сезона со која се соочува Фенербахче, тимот од Истанбул
можеби е за неверување, но се бори за опстанок во елитниот турски фудбалски
шампионат сезонава, а тамошните медиуми на големо се занимаваа со изданието на
Македонецот во поразот кај Истанбул Башакшехир, за што известија дека дури и паднале солзи, откако 19 годишниот фудбалер мина само 45 минути во дербито со
очајна статистика.
Сепак, талентот
кој го поседува македонскиот фудбалски бисер е огромен, а за него веќе се чека
ред од страна на гигантите низ фудбалска Европа, денеска Калчомеркато извести
дека Лацио под будно око го следи Елмас, а посочи дека Таре, кој важи за човек
кој одлично си ја одработува својата работа на позицијата која ја има во
римскиот клуб, може „дипломатски“ да дојде до потписот на Македонецот.
„Лацио, со
отворени очи го следи турскиот талент, има конкуренција во Борусија“ пишува во својот наслов италијански Калчомеркато, навестувајќи голема борба во летниот
преоден рок за македонскиот фудбалски бисер, член на Фенербахче од Истанбул.

„Со два гола во
дресот на Македонија, Елиф погоди на два пати против Летонија, потоа против
Словенија играше како лево крило, на позиција која не е негова, а покажа
одлични перформанси. 19 годишниот фудбалер одлично се развива, неговиот национален
тим освои четири бода во два меча“ додава Калчомеркато, потоа заклучувајќи дека
спортскиот директор на Лацио, Игли Таре може многу да стори во оваа ситуација и
да ги искористи „дипломатските односи“ кои ги има на располагање, но, истиот
медиум потенцираше и за проблемот со кој тимот од Рим може да се соочи,
големата конкуренција од Борусија Дортмунд, како и клубовите од Премиерлигата.
„Таре во Турција
може да ги искористи дипломатските односи кои ги има, сепак, постои еден мал
проблем со кој може да се соочи, за Елмас е сериозно заинтересирана Борусија
Дортмунд, како и некои клубови од Премиерлигата“ заклучи италијанскиот медиум.
Не е тајна дека
за Елмас постои сериозен интерес од гигантите ширум Европа, низ медиумите
излезе шпекулација дека првиот човек на Тотнем лично го поканил таткото на
Елмас како специјален гостин на арената во Лондон во градското дерби против Арсенал, а
истовремено се шпекулираше дека македонскиот репрезентативец веќе го одбил
Кардиф.
Интерес има и од
Лестер, а тимот од Кинг Пауер наводно и бил конкретен во својот интерес
испраќајќи понуда до гигантот од Истанбул, кој експресно ја одбил истата.
Фото-вест: ffm.mk
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.