Един Џеко се раздели со Фенербахче и како слободен играч ќе потпише едногодишен договор со Фиорентина, со можност истиот да биде продолжен за уште една сезона. Според информациите на Фабрицио Романо, искусниот напаѓач ќе заработува околу 1.5 милиони евра по сезона.
Босанецот се враќа во Серија А по една година пауза. Претходно настапуваше за Рома и Интер, а во елитата на италијанскиот фудбал има одиграно 268 натпревари со 107 голови. Во сезоната 2016/17 беше и најдобар стрелец со 29 погодоци.
Во кариерата играше и за Железничар, Теплице, Волфсбург, Манчестер Сити и репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Зад себе има повеќе од 400 голови и освоени трофеи во Германија, Англија и Италија.
Фото/Photo: Fenerbahxe/Twitter