Какво шоу на Валверде, му даде три гола на Сити за едно полувреме!

by riste
1 минути читање

Федерико Валверде имаше полувреме од соништата против Манчестер Сити, Реал Мадрид води со 3-0 по првото полувреме, а сите три погодоци беа дело на Уругваецот.

Капитенот на Реал Мадрид иако одиграл многу добри партии, веројатно ова му е најдоброто полувреме во кариерата.

Претходно на 75 меча во ЛШ дал вкупно три гола, а сега само за едно полувреме дојде до таа бројка.

Серијата погодоци ја започна во 20. минута кога по асистенција на Куртоа го мина Донарума и погоди за водство од 1-0.

Седум минути подоцна по аситенција од Винисиус даде гол за 2-0.

А на три минути пред крајот на првото полувреме фантастично се снајде по додавање од Диаз и погоди за 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×