Какво лудо сценарио: Сан Марино ќе треба да прими што е можно повеќе голови од Романија за да игра бараж за СП!

by bojan
1 минути читање

Сан Марино, една од најлошите репрезентации во Европа, може да се најде во ситуација да игра бараж за Светско првенство, а при едно такво лудо сценарио, ќе треба и да прими што е можно повеќе голови од Романија.

Сан Марино направи сензација во Лигата на нации, ја освои својата група во Лига Д, и тоа ја отвори вратата да се понадева за настап на мундијалот во САД.

Според правилата, четири репрезентации кои победиле во своите групи во Лигата на нации, а не обезбедиле пласман преку квалификациите, добиваат шанса во баражот за Светското првенство.

И за целата ситуација да биде уште полуда, има сценарио во кое Сан Марино во последното коло ќе треба да прими што е можно повеќе голови од Романија.

Романија е една од земјите кои може да игра бараж преку Лигата на нации, но доколку финишираат на една од првите две позиции во својата група во квалификациите, ќе го отстапат ова место на друга репрезентација.

Па доколку Романија ја совлада Босна и Херцеговина, и двете репрезентации потоа загубат од Австрија, второто место во групата може да биде решено на гол разлика, и токму Романија ќе треба да билда гол разлика против Сан Марино во последното коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×