10
Андре Онана не се откажува од Манчестер Јунајтед. Камерунскиот голман, кој е на позајмица во Трабзонспор, има намера летово да се врати на Олд Трафорд и да се избори за нова шанса.
Иако клубот планира да го продаде, според „Гардијан“ Онана верува дека може повторно да ја придобие довербата и покрај слабите настапи по неговото доаѓање. Дел од навивачите се скептични поради бројните грешки што ги имаше во дебитантската сезона.
Онана пристигна од Интер во јули 2023 година за 50 милиони евра и потпиша договор на пет години. По падот на формата, Јунајтед го ангажираше Сем Ламенс, кој остави солиден впечаток во својата прва сезона во Англија.