Какви 24 часа: Испадна од АФКОН, па се врати во клубот и освои прв трофеј!

by 24 фудбал
1 минути читање

Неверојатен викенд е зад репрезентативецот на Мали, Нене Доргеле (23), кој за само 24 часа помина пат од голема тага со националниот тим до еуфорија и прв трофеј во клупската кариера со Фенербахче.

Доргеле во петокот настапи за Мали во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации против Сенегал и одигра околу 40 минути во минималниот пораз со кој неговата селекција беше елиминирана од турнирот.

Веднаш по последниот судиски свиреж во Мароко, тој се упати кон аеродромот и со приватен авион отпатува за Турција за да им се приклучи на соиграчите во Фенербахче.

Иако исцрпен од патувањето и тешкиот натпревар, Доргеле влезе од клупата во финалето на Турскиот Суперкуп против Галатасарај и ги одигра последните 22 минути во победата од 2-0, со што стигна до првиот трофеј во професионалната кариера. Со овој триумф Фенербахче ја освои својата четвртата титула во Суперкупот и ја прекина серијата без трофеј во ова натпреварување која траеше од 2014 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×