Шпанецот Родри би можел многу порано да се врати на терените од првичните најави пренесуваат медиумите на Островот.
Освојувачот на „Златната топка“ се здоби со тешка повреда и се најавуваше дека за него актуелната сезона е завршена, но можеби тоа нема да биде случај.
Британски „Телеграф“ пренесува дека Манчестер сити би можел да го пријави Родри за нокаут фазата од Лигата на шампионите. „Граѓаните“ во најелитното европско натпреварување ги чека плеј-офот за место во осминафиналето во кој утре ќе го го дознаат противникот (Баерн Минхен или Реал Мадрид).
Пеп Гвардиола во текот на сезоната неколку пати зборуваше за Родри и не киреше дека го смета за еден од своите најважни фудбалери, па нема дилеми дека Шпанецот би бил одлично „засилување“ во клучните натпревари.