Марка пишува дека
трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид е неизбежен на лето, но во висината на
трансферот значително влијание ќе има Матео Ковачиќ.
Хрватот во
моментов е на позајмица од Сантијаго Бернабеу, токму од Реал Мадрид, а иако
постои желба кај Премиерлигашот за договор со Кралскиот клуб за младиот плејмејкер,
сепак, во моментов Челси е под суспензија за трансфери, па не е јасно како би
се конструирал некаков договор.
Челси се пожалија
на одлуката за суспензија за трансфери за идните два трансфер периоди, а
доколку успеат да го добијат тој случај, речиси сигурно е дека ќе се обидат да
го откупат Ковачиќ.
24 годишниот
Ковачиќ досега забележа 42 настапи за Челси од неговата преселба во Лондон
ланското лето, но, не постои опција за откуп на неговиот договор во самиот
договор помеѓу Челси и Реал Мадрид.
Марка тврди дека
Реал Мадрид нема ништо против да издвои 100 милиони евра за Азар, но, сумата би
можела да падне на 60 милиони евра, дури и повеќе доколку Ковачиќ биде вклучен
во преговорите помеѓу обата клуба.