Каква трансфер грешка на Сити, наместо да го купат Дибала се одлучиле за Бони

by
1 минути читање

Финансиите не се
проблем за Манчестер Сити, па клубот од Етихад Стадионот често се расфрла со
пари и плаќа многу повеќе од што вредат одредени играчи.

„Граѓаните“ имаат
неколку промашувања на трансфер пазарот, но според пишувањата на Мирор, во јануари 2015
бил направен голем превид.

Манчестер Сити
тогаш бил во потрага на нов напаѓач, а една од желбите била и Пауло Дибала.

Спортскиот
директор, Чики Бегиристан на скаутите им наредил да направат детален извештај
за младиот Аргентинец, кој тогаш блескаше во дресот на Палермо.

И покрај тоа што
сите сигнали биле позитивни, тој дал зелено светло за ангажман на Вилфред Бони
од Свонси за 28 милиони фунти, откако бил убеден од менаџерот Мануел Пелегрини
дека репрезентативецот на БСК е голгетерот за одбрана на титиулата.

Шест месеци
подоцна, Пауло Дибала за слична сума потпиша за Јувентус и прерасна во еден од најбараните
перспективни играчи, а Вилфред Бони не успеа да се наметне во Сити и во моментов игра
на позајмица во Стоук.

Аргентинецот сега
се поврзува со клубови како Барса и Реал, кои се спремни да платат и 100
милиони евра, но „Старата Дама“ нема лесно да се откаже од својата ѕвезда,
Пауло Дибала минатата недела стави потпис на нов договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани