Каква срамота во Португалија, се играше додека Спортинг не победи! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Беше 1-1, судиите покажаа продолжение од четири минути, а Спортинг Лисабон погодокот го постигна во 99. минута од натпреварот.

Од гостинскиот табор изјавуваа дека во 94. минута судијата им рекол дека ќе се игра уште дополнителни три минути поради прекини во судиското продолжение, но голот е постигнат и по тие три минути игра.

Буквално се играше додека Спортинг Лисабон не постигне гол. По мечот домаќините беа бесни на судиите, а и во португалските медиуми денеска главна тема беше фаворизирањето на фаворитот.

На овој меч во составот не беше Стефан Ристовски. Спортинг Лисабон се бори за титулата заедно со Бенфика и Порто кој е во најповолна позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×