Каква сезона: Јунајтед ќе одигра најмалку натпревари во последните 111 години!

by riste
1 минути читање

Откако Манчестер Јунајтед беше елиминиран и од ФА Купот, направена е математиката која вели дека „црвените ѓаволи“ ќе одиграат најмалку натпревари од сезоната 1914/15.

Јунајтед не игра во Европа, а е елиминиран и од домашните купови, им останаа само натпреварите од Премиер лигата.

Оваа сезона Манчестер Јунајтед ќе одигра вкупно 40 натпревари што е најмалку во последните 11 години.

Според „Би-Би-Си“, голема е веројатноста дека Јунајтед ќе организира турнеја во Саудиска Арабија во февруари или март кога тимот ќе биде слободен во периодот додека се играат натпреварите од четвртото и петтото коло од ФА Купот.

Со тој потег клубот ќе се обиде да ги надополни финансиските загуби создадени од неиграњето на други фронтови.

Манчестер Јунајтед има само една победа на последните шест натпревари, а следните два дуели им се против Манчестер Сити и Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×