Каква самодоверба: Има само 16 години, а шутираше пенал во 90 минута во квалификациите од ЛШ! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Тимот од Кзахстан, Каират со пенал во 90. минута ја победи Слован Братислава со 1-0 во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, а во центарот на вниманието беше еден тинејџер.

Дастан Сатпаев кој има 16 години важи за голем талент во тимот на Каират. Возраста и неискуството не беа пречка да ја земе топката и тој да го изведе пеналот.

На овие години потребна е голема самодоверба и дрскост за да изведеш решавачки пенал во 90. минута во важен натпревар како што е меч од квалификациите за ЛШ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×