Каква недела за семејството Клајверт: Сите тројца синови на легедата постигнаа голови

by Стефан
1 минути читање

Семејството Калјверт имаше недела за паметење, легендарниот Патрик може со право да биде горд, бидејќи сите негови тројца синови се запишаа меѓу стрелците за своите клубови.

Прв се истакна 18-годишниот Шејн Патрик, член на младинскиот тим на Барселона, кој погоди во дуелот против ПСЖ во рамките на младинската Лига на шампионите.

Само ден подоцна, 24-годишниот Рубен Клајверт, кој настапува за францускиот Лион, беше стрелец во победата од 2-0 над Салцбург во Лигата на шампионите.

Неделата ја заокружи најпознатиот од тројцата, Џастин Клајверт, кој на 3 октомври постигна атрактивен гол за својот Борнмут во триумфот над Фулам во Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×