Каква лудост: Индиец ја напуштил сопствената свадба за да го види Меси!

by 24 фудбал
1 минути читање

Лионел Меси предизвика вистинска еуфорија при своето пристигнување во Индија, каде што беше пречекан од илјадници навивачи кои со часови чекаа да го видат аргентинскиот ас.

Меѓу присутните имаше и еден навивач кој привлече огромно внимание со својата несекојдневна приказна. Тој откри дека поради Меси решил да ја напушти сопствената свадбена церемонија, само за да биде дел од историскиот момент.

Денеска е мојата свадба, но заминав од церемонијата за да бидам тука и да го видам Меси“, изјави навивачот пред новинарите, оставајќи ги сите во неверување.

Посетата на Меси уште еднаш потврди дека аргентинскиот фудбалер има статус на вистинска светска икона и дека неговото присуство предизвикува неверојатни реакции, дури и жртви кои ретко се гледаат во спортот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×