148
Галатасарај и Фенербахче одиграа реми без голови во
големото дерби од деветтото коло од турската Суперлига.
Осамнаа голови на вечното дерби во Истанбул, но затоа пак
мечот го одбележа фанатичната атмосфера на трибините, мошне препознатлива кај
Турците, како и спектакуларната кореографија.
Навивачите на Галатасарај го имаа „Роки Балбоа“ пред
трибината, дури успеаа во намерата да му ја подигнат раката и со тоа даде знак
за напад на фудбалерите на Галатасарај, а сево ова беше додатно зачинето со
музика од серијата филмови за „Роки“.