181
Валенсија денеска потвди дека имаат тројца фудбалери и двајца луѓе од стручниот штаб позитивни на коронавирус. Поради тоа и Аталанта оди во изолација бидејќи играа меч од Лигата на шампионите против шпанскиот клуб.
Иронично, Аталанта е од Бергамо, Северна Италија, каде што е најголемото жариште на коронавирусот во Европа но досега немаа проблем, немаа ниту еден заразен, а сега ќе одат во изолација поради Валенсија.
Фудбалерите на Аталанта во изолација ќе поминат десетина дена, бидејќи веќе неколку дена поминаа од мечот против Валенсија.
Во Италија досега има 1809 мртви од коронавирусот, а од нив дури 1218 се од регионот Ломбарија во кој е и Бергамо.