Младиот Шпанец е вистински хит последниве 12 месеци откако минатото лето доби шанса да дебитира за првиот тим на Реал Мадрид.
За неговиот трансфер на Сантијаго Бернабеу ургирал и Рафаел Надал, но приказната можела да биде сосема поинаква доколку лидерите на Барселона не биле скржави.
Како што пренесуваат медиумите од Кталонија, Барса прва започнала преговори со Мајорка и двете страни за кратко време си подале рака за трансфер вреден околу 4 милиони евра.
Но клубовите не можеле да пронајдат заеднички јазик околу начинот на плаќањето. Мајорка инсистирала целата сума да биде платена однапред, а Барса пак се обидувала да издејствува развлекување на исплатата во неколку години.
Реал Мадрид го искористи ценкањето на лутиот ривал, и за 3,9 милиони евра го купи Марко Асенсио.
Само за споредба, истата така година Барселона без проблем плати 4 милиони евра, плус уште 1,5 милиони евра во бонуси за Даглас, кој важи за еден од најлошите трансфери на „Каталонците“.