Пред крајот на минатата сезона изгледаше дека Гиорги Мамрдашвили сигурно ќе си замине од Валенсија, поради тоа клубот од Местаља го донесе нашиот Столе Димитриевски.
Грузиецот имаше фантастичен настап на Европското првенство, нешто што требаше да го зголеми интересот за него, но тој се уште е во Валенсија, а гласините за негово заминување се се потивки.
Последно дека клуб од Саудиска Арабија е подготвен да плати 30-35 милиони евра за да го купи Мамардашвили, Валенсија засега бара 40 милиони евра.
Голманот веќе одби две понуди од клубови кои се во средината од Премиерлигата.
Не е отфрлена можноста да прифати трансфер во Саудиска Арабија ако понудата кон него е голема, но треба и Валенсија да постигне договор.
Мамардашвили се врати во Валенсија по продолжениот одмор поради настапот на ЕП. Во првата изјава тој кажа дека нема против останување во Валенсија, напротив тоа би било добро за него.
Доколку се случи Грузиецот да остане во Валенсија, тој сигурно би бил број еден, а Димитриевски ќе чека шанса од клупата за резерви.
Има опција нашиот голман да замине во случај на останување на Мамардашвили, но ќе треба да се плати откупна клаузула за него, па нема да биде едноставна за реализација една таква идеја.