2,6K
Брентфрод одигра 0-0 на гостувањето кај Брајтон, а во преден план беше 23-годишниот голман Хако Рафн Валдимарсон кој неочекувано го имаше своето деби на овој меч.
Во 36 минута од мечот се повреди првиот голман на Брентфорд, Марк Флекан, па шанса доби Валдимарсон, за кого ова беа први минути во Премиерлигата.
Младиот голман не само што ја сочува мрежата, туку покажа и неверојатна дрскост и храброст во текот на мечот поигрувајќи си со противничките офанзивни фудбалери. Валдимарсон делуваше како искусен чувар на мрежата и како веќе да има многу настапи на највиско ниво.
The Iceman ❄️
— Brentford FC (@BrentfordFC) December 28, 2024
Ice cold from Hakon on #PL debut pic.twitter.com/rWZArH20Aq