Каков татко, таков син: Роналдо јуниор по цел ден игра фудбал, не сака ни да јаде!

by
1 минути читање

Мајката на Кристијано Роналдо, Долерес Авеиро еднаш зборуваше за зависноста на нејзиниот син од фудбалот. Неговиот татко велеше дека ѕвездата на Реал Мадрид прескокнувал оброци, дури и заборавал да ги напише домашните задачи за на училиште.

Историјата се повторува, па сега 32-годишниот Роналдо ги има истите проблеми со својот син како што ги имале неговите родители.

„Тој го сака фудбалот и игра цело време. Често ми е тешко да го натерам да седне и да вечераме бидејќи секогаш е надвор и ја шутира топката. Мислам дека тоа е во неговата крв“ – вели Роналдо.

„Тој е многу љубезно момче, внимателен, пријателски, покажува почеит и многу е отворен со луѓе. Сите кои ќе го запознаат се изненадени од неговата самодоверба. Тоа ме прави многу горд татко“.

„Да се биде татко е посебна и лична авантура, нешто што комплетно ме промени. Ме научи работи за љубовта за кои никогаш не сум знаел дека постојат. Ми даде поинаква перспектива за тоа што е вистински важно во мојот живот“.

„Да бидам татко и да гледам како мојата фамилија расте е без сомнение најголемата привилегија која сум ја имал“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани