Каков срам: На натпреварот од Светското клупско првенство имаше само 97 навивачи!

by Стефан
1 минути читање

Најголемиот проблем на ФИФА со новиот формат на Светското клупско првенство е слабата посетеност на натпреварите, а тоа се докажа и во изминатата вечер во натпреварот против јужноафриканскиот Мамелоди и јужнокрејскиот Услан.

Пред почетокот на овој натпревар на трибините се имало само 97 навивачи, а стартот бил одложен според официјалните информации поради временските услови. Иако бројот на гледачи по некое време малку се зголеми, тоа сепак не беше доволно да се надмине разочарувањето на стадионот кој има капацитет од 25.000 гледачи.

На теренот, Мамелоди на крајот славеше со минимални 1-0, благодарение на голот на Рејнерс постигнат во 36. минута, кој го донесе тимот од Јужноафрика на стартната победа на турнирот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×