497
Хесус Навас сепак ќе продолжи во Севиља, легендата на клубот доби доживотен договор и сам да одбера каква позиција ќе има во раководството.
Утрово, Хесус Навас соопшти дека ја напушта Севиља и изрази разочараност од односот на клубот и како тоа никој не го контактирал и не му понудил нов договор.
Само неколку часа подоцна се случи огромен пресврт, Севиља му понуди доживотен договор и сам да одбере каква позиција ќе има во раководството.
Па Хесус Навас кажа ДА, реши да игра до 31. декември, потоа да стави крај на кариерата и да доби функција во клубот.
Шпанецот исто така реши да игра беспари, односно платата која е договорено ќе ја донира во добротворни цели.