607
Баерн Минхен доби сериозен удар, бидејќи во продолжението од сезоната ќе биде без големата ѕвезда Алфонсо Дејвис.
24-годишникот кој неодамна стави потпис на нов договор и тоа по долго убедување, а се повреди на мечот од КОНКАКАФ Лигата на нациите против САД со Канада по 12 минути игра. Дејвис ги скина лигаментите на коленото и поради тоа веројатно ќе биде подложен на операција.
Ова е една од најтешките повреди во фудбалот и Дејвис го очекува сериозна пауза. Кам-бекот доколку се биде во ред ќе му биде во септември, по стартот на новата сезона.
Исто така повреда која ќе го оддалечи од терените неколку седмици доживеа Дајот Упамекано. Французинот има повреда на коленото, но од поблага природа.