„Црвените Ѓаволи“
веќе го имаа обезбедено првото место во групата, но и покрај тоа одиграа на
високо ниво.
Тома Мунје веќе
во 3. минута ја затресе мрежата на Босна за 0-1. Сепак, домаќините до крајот на
првиот дел целосно го свртеа резултатот.
Медуњанин погоди
по еден час игра за 1-1, а Висча донесе огромна радост и предност во 39.
минута.
Потоа следуваше
нов пресврт, Батшуаји искористи една лоша одбрана на домашниот голман и
изедначи на 2-2, за Вертоген да се најде на право место во право време и да
ја врати Белгија во водство во 68. минута.
Думиќ изедначи на
3-3 во 82. минута и најави интересна завршница, но само 120 секунди подоцна
Караско стрелаше за 3-4 и ги „скрши“ срцата на Босанците“.
Со овој пораз,
Босна не одлучува сама за сопствената иднина за место во баражот за мундијалот
во Русија.
На останатите
средби кои започнаа од 18 часот, Шведска со 8-0 славеше над Луксембург,
Естонија со 0-6 триумфираше против Гибралтар а на средбата Фарски
Острови-Летонија немаше голови.