Каков малер, потпиша за Интер пред една недела и се повреди на шест месеци

by
1 минути читање

Десниот бек минатата недела се пресели на Џузепе Меаца како дел од трампата во која Жофри Кондогбија отиде во Валенсија.

Жоао Канесело против Рома ги одигра првите минути за „Нероаѕурите“, но веројатно сега ќе треба да почека подолго време пред одново да истрча на терените во дресот на Интер.

Тој вчера на должност со репрезентацијата на Португалија го повреди десното колено и привчните прогнози велат дека ќе отсуствува околу два месеци.

Но во Интер владее песимизам, се стравува дека Жоао Кансело ги има повредено вкрстените лигаменти и ќе треба да замине под нож.

За 15 дена ќе бидат извршени нови тестови кога ќе се постави точна дијагноза, но доколку бидат потврдени најлошите прогнози, Жоао Кансело ќе паузира најмалку шест месеци и ќе го пропушти најголемиот дел од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани