Каков малер: Фудбалер на Тотнем се врати од повреда и по неколку секунди на теренот – повторно го повредија! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Тотнем и репрезентативец на Мали, Ив Бисума, повторно се соочи со повреда и доживеа нова несреќа токму во моментите кога се обидуваше да ја врати на терените по долга пауза..

На квалификацискиот натпревар за Светското првенство, во кој Мали убедливо го совлада Мадагаскар со 4-1, Бисума доби шанса во финишот од мечот, но неговото враќање траеше само неколку секунди. Веднаш по влегувањето во игра, се обиде да поведе контранапад, но по остар старт од противникот почувствува болка и сигнализираше нова повреда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×