Ерик тен Хаг ќе мора да почека на првата победа во Бундеслигата како тренер на Баер Леверкузен, откако неговиот тим попладнево одигра само реми на гостувањето кај Вердер (3-3). „Фармацевтите“ имаа сигурна предност од 1-3 и играч повеќе, но и тоа не беше доволно да се вратат дома со три бода.
Патрик Шик двапати ја тресеше мрежата, а новајлијата Тилман исто така се запиша меѓу стрелците. Вердер остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Штарк во 63. минута, но големата грешка на голманот Флекен ги врати домаќините во игра. Во драматичниот финиш, Кулибали во 94. минута им донесе бод на „зелено-белите“.
Лајпциг ја забележа првата победа сезонава, совладувајќи го Хајденхајм со 2-0 благодарение на головите на Баумгартнер и Кардозо. Штутгарт исто така славеше, и тоа минимално со 1-0 против Менхенгладбах, а херој на натпреварот беше Чема Андрес кој погоди во 79. минута.
Ајнтрахт Франкфурт, го забележа и вториот триумф во сезоната откако го доби Хофенхајм на гости со 1-3.