Каков малер е, Коман го инспирираше Баерн до кам-бек па се повреди во последните мигови (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Баварците“ се
доближија на -2 во однос на Борусија Дортмунд откако вечерва потешко од
очекувањата триумфираа на „ВВК Арена“.

Аугзбург во два
наврати водеше, најпрво со автоголот на Горецка по само 13. секунди, а потоа и
со погодокот на Ји Донг Вон. Коман го враќаше Баерн во живот, Французинот
најпрво изедначи на 1-1 во 17. минута, за потоа во третата минута од судиското
надополнување на првиот дел да донесе реми од 2-2.

Кингсли Коман на стартот од вториот дел му асистираше на Алаба за 2-3 и помогна гостите
да направат целосен пресврт.

Сепак, Французинот во последните мигови доживеа нов пех и го повреди проблематичниот скочниот
зглоб на левата нога, кој веќе два пати го оперираше и најави дека ќе се
пензионира доколку го чека нова долга пауза.

По крајот на
мечот, Нико Коваќ изјави дека повредата не изгледа добро, и позитивно е само
тоа што Кингсли Коман можеше сам да оди кога го напушти теренот и се упати
право во соблекувалната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×