296
Мечот против Кипар пред своја публика за Белгија беше
само формалност во последното коло од квалификациите за СП Русија 2018.
Сепак, Белгијците ја завршија својата работа во групата „Х“
со убедлив триумф од 4-0 и со девет победи и едно реми обезбедија директен
пласман на Мундијалот идната година.
Два гола постигна Еден Азар, додека пак еден гол беше
дело на неговиот брат Торган, а бележиме еден мошне интересен момент од
средбата во Брисел каде во фокусот на вниманието за момент се најде напаѓачот
Лукаку, кој уште еднаш ја покажа на дело својата раскошна моќ по што погоди за
конечни 4-0 од оваа средба.
Во продолжение, проследете ги и погодоците на браќата
Азар, два на Еден, еден на Торган…