Каков кикс: Француска национална телевизија ја помеша Црна Гора со Македонија! (ФОТО)

by
0 минути читање

„Трите Лава“ забележаа нов убедлив триумф, откако на Чешка и дадоа пет гола, избраниците на Саутгејт со високи 1-5 славеа на гостувањето во Подгорица против Црна Гора.

За одличниот старт на Англија во квалификациите за Европското првенство пишаа сите европски и светски медиуми, а француска нацинална телевизија направи голем кикс.

„Франс24“ пренесе дека Англија блескала против Македонија. Не само што го погрешија противникот во насловот, и во текстот пишуваше дека победата од 1-5 била над Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×