Килијан Мбапе и неговиот поранешен клуб ПСЖ влегоа во правна битка што француските медиуми веќе ја нарекуваат една од најнеобичните во современиот фудбал.
Според пишувањата, ѕвездата на Реал Мадрид поднел тужба против гигантот од Париз во која бара отштета од околу 240 милиони евра, сума што, како што тврди, ја претставува финансиската штета што ја претрпел по неговото заминување во летото 2024 година. Во истата постапка, Мбапе ги обвинува поранешните клупски челници дека пропуштиле да го трансформираат неговиот договор од определено време во траен ангажирање, како и дека му должат 55 милиони евра во плати и бонуси.
Од друга страна, ни ПСЖ не е без барања. Клубот од „Паркот на принцовите“ покренал сопствена тужба, во која бара до 180 милиони евра отштета, наведувајќи дека бил изигран со наводното ветување на Мбапе дека ќе го продолжи договорот, нешто што не се случи.