Каков гест на Челси: Огромна донација за семејствата на Жота и неговиот брат!

by 24 фудбал
1 минути читање

Челси и неговите фудбалери покажаа големо срце и хуманост, бидејќи ќе донираат за семејствата на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои трагично го загубија животот во сообраќајна несреќа во Шпанија.

Лондонскиот клуб се откажа од дел од бонусите што играчите требаше да ги добијат (вкупно 15,5 милиони долари) за освојувањето на Светското клупско првенство пред еден месец, а средствата ќе бидат пренасочени како помош за семејствата на двајцата браќа. Секој фудбалер заработи по 500.000 евра, а дел од таа сума ќе биде донирана.

Диого Жота и Андре Силва загинаа на 3 јули годинава, откако со автомобил излетаа од пат на северот на Шпанија. Тие патувале кон Сантандер, од каде Жота требало со брод да замине на подготовките на Ливерпул за новата сезона, бидејќи имал забрана да лета по мала интервенција на белите дробови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×