Малиот Лоренцо
стана хит на социјалните мрежи откако не сакаше да се појави на шампионската
прослава на Јувентус минатата сезона, и на теренот излезе со намуртено лице.
Причина беше тоа
што го натерале да носи дрес на Јувентус, а тој е голем фан на локалниот ривал
Торино и идол му Андреа Белоти.
Синот на Бонучи
денеска одново се најде во центарот на вниманието откако Андреа Белоти се реши
за еден голем гест.
Популарниот
„Петел“ по крајот на дуелот помеѓу Милан и Торино се упати кон трибината и му
го подари дресот на Лоренцо, а за возврат доби шал.
Фановите на
момент го заборавија ривалството, па Сан Сиро со аплауз го награди напаѓчот на гостите.
Che dolcezza #bonucci #belotti #ilgallo #unamoreinfinito #acmilan #TorinoFC #serieAtim pic.twitter.com/BCH8Bj0xsg
— Caroletta93 (@caroletta13) November 26, 2017