119
Србија синоќа го одигра претпоследниот меч од квалификациите за Светското првенство и гостуваше кај Англија во Лондон. Натпреварот се играше на славниот „Вембли“, стадион кој важи за вистински симбол на светскиот фудбал.
Сепак, пред почетокот на дуелот се случи несекојдневна сцена. Известувачот на Радио Телевизија Србија додека се обидуваше да ја долови атмосферата направи крупен пропуст.
„Ако можете да видите зад мене, веќе тргна река луѓе кон можеби најпопуларниот стадион во светот, храмот на фудбалот Вимблдон“ изјави тој.
Јасно е дека фудбалски натпревар не се одигра на тениските терени туку мечот се играше на „Вембли“ каде што атмосферата како и секогаш беше на највисоко ниво.
— sports_journalist (@sportsi50558301) November 13, 2025