28
Невообичаена сцена го одбележа финишот од натпреварот меѓу Кремонезе и Џенова, откако гледачите на стадионот и покрај малите екрани останаа во чудо од тоа што се појави на семафорот.
Во 89 минута домашната екипа подготвуваше измена, а најавата беше дека во игра ќе влезе фудбалерот Алекс Аморим. Наместо фотографија од играчот на Џенова, продукцијата прикажа лик од добро познато тренерско име.
На графиката се најде Рубен Аморим, стратегот кој неодамна доби отказ од Манчестер јунајтед, што предизвика бура од реакции и насмевки кај присутните.
Очигледно станува збор за пропуст на лицата задолжени за техничката реализација, кои поради истото презиме наместо фудбалерот, прикажале тренер.