Каков е форматот на баражот за СП? Учествуваат 12, а во Катар одат само три репрезентации

by
1 минути читање

Убедливиот триумф над Ерменија и киксот на Романија против Исланд, не однесоа на второто место во групата на коло до крајот од квалификациите.

Во недела од 18 часот на Арената „Тодор Проески“ го пречекуваме Исланд и со победа ќе се најдеме во баражот за пласман на СП.

Баражот ќе биде составен од 12 репрезентации кои ќе се борат за последните три места на СП. 10 од нив се второпласираните во квалификациите, а две репрезентации се приклучуваат од Лигата на нации (победници во групата со најдобар ранг во ЛН од оние кои не се прво или второ место во квалификациите).

Тие 12 селекции ќе бидат поделени во три групи со по четири репрезентации и практично ќе играат фајнл-фор турнири, полуфинале и финале од по еден натпревар. Трите победници одат на СП.

Домаќин на полуфиналето ќе биде тој кој имал подобар скор во квалификациите, а домаќин за финалето ќе биде одреден со ждрепка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани