Каков циркуз: Навивачи му го исклучија ВАР-мониторот на судија во втората Бундеслига (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Необичен инцидент го одбележа натпреварот од Втората германска лига меѓу Мунстер и Херта Берлин, кој заврши со победа на гостите од 1-2.

Во еден момент судијата доби повик од ВАР собата да ја провери спорната ситуација за можен пенал за Херта. Додека се подготвуваше да ја погледне снимката на екранот покрај теренот, се случи хаос на трибините.

Неколку домашни навивачи влегоа на теренот и го украдоа кабелот од ВАР системот, поради што судијата не можеше да ја прегледа спорната акција. Сепак, одлуката на крајот ја донесе ВАР судијата, кој сигнализираше дека има елементи за најстрога казна. Херта доби пенал и го искористи за да реализира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×