Дуелот со Шведска
ќе биде последен за Арјен Робен во дресот на Холандија, по крајот на средбата,
тој соопшти дека се повлекува од репрезентацијата.
„Натпреварот беше
специјален, не беше проштален натпревар туку се боревме за нешто, па тоа му даде посебен шмек” – рече фудбалерот на Баерн Минхен,
кој постигна два гола за победа од 2-0.
„Подолго време
размислував за ова, повеќе пати бев решен да одам во пензија, но продолжував. Имам 33
години и сега е прав момент. Играм за топ клуб од Европа, и потребно е да
направам избор, решив да се фокусирам на мојот клуб. Ова е прав момент да им
отстапам место на помладите”.
„Како за „човек
од стакло“ издржав доста долго” – заврши играчот со насмевка на лицето алудирајќи на неговиот прекар
поради големиот број на повреди.
Арјен Робен
дебитираше за Холандија во 2003, забележа 96 настапи и постигна 37 голови.