Како Томори и Абрахам му ја земаа топката на Пулишиќ и го налутија Фонсека (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Милан

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека беше бесен на своите играчи откако Кристијан Пулишиќ не изведе пенал против Фиорентина и покрај тоа што репрезентативецот на САД е прв пеналџија на „росонерите“.

Милан синоќа загуби на гостувањето во Фиренца со 2-1, но резултатот можеше да биде поинаков, „росонерите“ не реализираа два пенали.

По крајот на натпреварот, тренерот Пауло Фонсека порача дека Кристијан Пулишиќ е прв пеналџија, па не му е јасно зошто други играчи ги извеле најстрогите казни.

При вториот пенал, Томори скокна по топката, и откако ја фати, му ја даде на својот сонаордник Абрахам наместо на Пулишиќ.

И покрај тоа, репрезентативецот на САД ја побара топката од Абрахам, но напаѓачот одби да ја даде и самоуверено порача дека тој ќе шутира.

„Пулишиќ ги изведува пеналите, не знам зошто се промени тоа на теренот. Веќе разговарав, им кажав дека ова никогаш не смее да се повтори“ – порача Пауло Фонсека.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани