„Како што татко ти ми беше ментор на мене, јас ќе ти бидам ментор на тебе“ – Нејмар заигра со синот на Робињо

by bojan
1 минути читање

Робињо Жуниор, син на легендарниот Робињо, синоќа го одигра првиот натпревар во сениорскиот тим на Сантош, доби дваесетина минути на контролната пресметка против Деспортива Феровиарија.

Сантош овој викенд нема обврски во првенството на Бразил, па слободниот термин го искористи за контролна пресметка против Деспортива Феровиарија, натпревар кој го доби со 3-1.

На овој дуел шанса за деби во сениорскиот тим доби Робињо Жуниор, син на поранешниот играч на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан.

17 годишното момче, кое во младинските категории е познат како „Жунињо“ од почетокот на годината често тренира со првиот тим, и сега доби дваесетина минути – со дресот со број 7 (исто како и неговиот татко) се прикажа на солидно ниво и запиша асистенција.

Робињо Жуниор е прилично близок со Нејмар, кој во февруари му испрати јасна порака: „Како што татко ти ми беше ментор на мене, јас ќе ти бидам ментор на тебе“.

Кога Нејмар како тинејџер се пробиваше во првиот тим на Сантош, Робињо веќе беше етаблирана фигура, па го зеде под свои закрила и му помогна на патот да стане фудбалска ѕвезда.

Во моментов Робињо е во затвор откако беше обвинет за силување во Италија, па помошта од Нејмар за младиот Робињо Жуниор и тоа како е добредојдена.

ФОТО: X/Santos FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×