На „Откритие
Арена“ во Москва, Англија се среќава со Колумбија, натпревар кој ќе го даде
последниот патник помеѓу осумте најдобри на Светското првенство.
За овој меч,
таблоидот Сан имаше специјална најави и на насловната страна го постави Хари
Кејн со знамето на Англија и пораката: „Бидејќи Трите Лава се среќаваат со
нација која на светот му ја даде Шакира, одлично кафе и, ах, некои други работи
ние велиме: го Кејн!“
Но ваквата порака
не им се допадна многу на Колумбијците бидејќи последниот дел „го Кејн“ е игра
на зборови и звучи многу блиску до „кокејн“ односно кокаин.
Tomorrow’s front page: #ENG captain Harry Kane will lead the charge to send us through to the #WorldCup quarter-finals https://t.co/7tsFhcddPm pic.twitter.com/MSz30dxrCB
— The Sun (@TheSun) July 2, 2018