Фудбалската репрезентација на Македонија има позитивен старт на циклусот квалификации за Мундијалот во 2026 година.
Колку и да „боли“ ремито против Велс (1-1), сепак мора да се биде реален и да се признае дека сепак игравме против фаворит. Македонија го победи Лихтенштајн на рутина (0-3) во Вадуц, а можеше да го продлабочи перфектниот старт на групата…
На мечот во Скопје против Велшаните се браневме одлично шеесетина минути, а потоа се отворивме и притиснавме. Предност за Македонија дојде по катастрофалната грешка на Џо Ален кој му додаде на Бојан Миовски, а напаѓачот погоди за 1-0 во 91. минута. Сепак, како прерано да прославивме три бода и во последните секунди Брукс донесе бод за гостите.
Со овие резултати Македонија е лидер во групата и тоа ќе биде така барем до јуни. Заедно со Велс нашата селекција има по 4 бода. Сепак, Македонија има гол-разлика од 4-1, додека Велшаните имаат еден примен гол повеќе. Третопласиран е Казахстан, а на дното е Лихтенштајн.
Вреди и мора да се напомене дека апсолутниот фаворит Белгија уште не одигра ниту еден натпревар поради настапот во Лигата на нациите. Поради тоа Македонија како ретко кога два месеци ќе биде лидер во една квалификациска група.