Како реагираше самиот Хулијан Алварез, еве што им кажа на соиграчите за поништениот гол (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Алкараз

Камерите на ЕСПН го „уловија“ Хулијан Алварез во разговор со соиграчите од Атлетико Мадрид по контроверзно поништениот гол од пенал, напаѓачот им порача дека не е сигурен дали два пати ја допрел топката при шутот.

Хулијан Алварез е главниот протагонист во пенал серијата на натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид во Лигата на шампиони, напаѓачот успеа да го матира Тибо Куртоа и да донесе радост на „Метрополитано“, но судијата Марчињак го замолкна цел стадион кога покажа дека голот не важи.

Погодокот беше поништен со помош на ВАР бидејќи прегледите покажале дека Аргентинецот два пати ја допрел топката.

ЕСПН сега објави видео од Хулијан Алварез кој е покрај своите соиграчи на средината од теренот по шутнатиот пенал.

Пабло Бариос, Самуел Лино и Анхел Кореа сакаа да знаат што се случило, и додека тешко е да се каже што точно се дискутира, напаѓачот јасно одговара, „Не знам, можеби, но но знам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани