Како реагираше Нејмар откако не добив повик од Бразил (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Нејмар

Карло Анчелоти реши уште еднаш да не го повика Нејмар во репрезентацијата на Бразил, напаѓачот во живо на својот телефон ја следеше прес конференцијата и беше видно разочаран кога не го слушна своето име.

„Кариоките“ овој месец ги имаат последните контроли пред Светското првенство во САД, ќе тестираат против Франција и Хрватска.

Се очекуваше Нејмар конечно да се врати во репрезентацијата на Бразил, но тој повторно извиси откако неочекувано го прескона натпреварот против Мирасол, на кој Карло Анчелоти беше на трибините за токму лично да се увери во формата на напаѓачот.

Нејмар сега на социјалните мрежи сподели како дознал дека мундијалскиот сон изгледа се понедостижен.

Додека работеше со физиотерапевтот, тој на својот телефон ја гледаше прес конференцијата и беше видно разочаран кога не го слушна своето име.

„Еј Анчелоти, а што е со мене?“ – вели Нејмар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×